Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.
Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа.
„Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции“, рече Хоџа.