Денеска ќе се знае дали има нови заболени од Ковид 19 во Прилеп, нови кривични за непочитување на полицискиот и самоизолацијата

 

Во текот на денот се очекува да пристигнат резултатите од Институтот за Јавно здравје од Скопје од прилепчаните на кои им беше земен брис и да се знае дали има нови случаи со корона во градот под Марковите Кули, откако вчера за прв пат овој вирус беше регистиран во Прилеп кај двајца сопружници кои веднаш беа префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

 

Исто така се зголемува бројот на прилепчани во самоизолација и тој заклучно со вчера изнесува 183. На еден од нив му е поднесена кривична пријава бидејќи излегувал надвор од својот дом, а за истиот се разгледува и можноста тој да биде префрлен во државен карантин во Пепелиште.

 

Четворица прилепчани заработија кривични пријави за непочитување на полицискиот час.

 

Од Општина Прилеп информираат дека денеска продолжува дезинфекцијата на главите и споредните улици во градот, а планирано е да се започне и со дезинфекција на сите влезови на зградите во Прилеп.

 

Како една од превентивните мерки во борбата со пандемијата од денеска не работи ниту Градскиот пазар , а продолжува и забраната за Јавниот градски превоз.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи