Николоска : Мапирани се сите контакти на заразените со Ковид 19 во Прилеп и истите се ставени во самоизолација и под здравствен надзор

Синот на потврдените лица на COVID -19, се вратил од Србија на ден.09.03.2020год., кога во Србија имаше само еден потврден случај на корона вирус. Во тој момент Србија,  беше категоризирана како земја со низок ризик и лицата кои се враќаа од таму, не подлежеа на мерки за самоизолација и здравствен надзор, што значи лицето немало обврска да се јави во Центарот за јавно здравје. Ова денеска го истакна директорката на Центарот за Јавно здравје од Прилеп, Драгица Николоска.

 

„Во моментов мапирани се сите контакти на потврдените случаи, а со добивање на нови позитивни резултати, епидемиолошкото истражување продолжува. Сите лица кои биле во контакт со првозаболените се во самоизолација и се ставени со решение од ДСЗИ под здравствен надзор“, истакна Николоска.

 

Во моментов максимален број на скрининг тестови за пунктот во Општина Прилеп бил 7 тестови на ден, во периодот од 8 до 14 часот. Закажувањето било преку Мој термин кај матичниот лекар.

 

„Пациентот на тестирањето со себе треба да носи документ за идентификација. Дополнителни тестови се прават по епидемиолошки и клинички индикации“, додава Николоска.

 

Инаку по самоизолацијата од 14 дена, доколку лицата кои биле во тој период не развиле симптоми на болеста не се тестираат, продолжуваат со секојдневните приватни и професионални активности.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи