Османи: Обезбедени се 55 респиратори, се чека на испорака

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Државата обезбеди 55 респиратори и се чека на нивна испорака, информираше на денешната прес конференција вицепремиерот Бујар Османи.

 

„Обезбедени се 25 респиратори со пари од норвешката амбасада, кои сега се моментално во Турција и се бара начин како да се транспортираат во Македонија. Обезбедени се и 30 респиратори од Кина. Но, поради големата побарувачка во моментов, сепак ќе мора да се чека тие прво  да бидат произведени па тогаш да  бидат испорачани“, изјави Османи, додавајќи дека овие апарати се купени со првите 4 милиони евра добиени од ЕУ.

 

Останатите средства  кои Унијата ни ги додели во износ од околу 70 милиони евра ќе бидат искористени на санирање на последиците од пандемијата. Се разгледува  можноста земјата да добие пристап кон средствата на европскиот солидарен фонд, а олеснувачко е тоа што Македонија доби одлука за преговори. Османи се надева дека по првичниот шок од епидемијата Еу ке почне да ги активира механизмите за справување со кризата и помош на оние на кои им е најпотребна.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи