ВИДЕО – 9 годишно дете, две жени на 35 години и еден маж од 36 години се 4-ицата новозаболени со корона во Прилеп

Дете на 9 годишна возраст, две женски лица на возраст од 35 години и едно машко лице од 36 години се четворицата прилепчаните чии брисеви покажале дека се позитивни на корона вирусот. Заболените се во добра здравствена состојба и во моментов се во самоизолација. Синот на првите двајца постари заболени лица е тестиран и е негативен. Ова го истакна директорката на Центарот за Јавно здравје од Прилеп, Драгица Николоска, која рече дека од 20-те испратени брисеви 16 се негативни, само 4 позитивни.

 

 

„Да, синот на брачната двојка е тестиран и е негативен. Значи детето и мајката се во сродство со претходно потврдените случаеви. Епидемиолошката служба во моментот работи да ја најди поврзаноста на случаевите. Точно тоа е и нивната задача, да се најди кој е изворот на заразата. Во текот на вчерашниот и денешниот ден се анкетираа сите оние лица кои биле во примарен и секундарен контакт со потврдените случаи. Доколку се дојди до заклучок, епидемиолозите ќе утврдат со епидемиолошка анкета дека има потреба да се тестираат и останатите. Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе дознаеме доколку се појави потреба од такво нешто“, рече Драгица Николоска, директор на Центар за Јавно здравје Прилеп.

 

Досега било дозволено земање на само 7 бриса во текот на еден ден, а сега таа бројка со новонастанатата состојба полека се зголемувала. Инаку од општата болница во Прилеп истакнаа дека во Инфективното одделение ќе се примаат само средно тешките и средно лесните случаи заразени со корона вирус. Се правеле само итни операции, а се водело и строга контрола на влезот во болницата, нема посети и шетање низ болницата.

 

„За инфективното одделение е спремно да прифати со соодветни капацитети пациенти кои се сомнителни, или со средна клиничка слика на болеста во доволен број. Плус дополнително имаме и резервен капацитет од 8 кревети за да се сместат, ако се случи да имаме поголем број на заболени од капацитетот што го има инфективно одделение. Согласно препораките на инфективно одделение е предвидено да ги третираме средно-тешките форми, или средно-лесните форми на заболени, додека пациентите со лесна клиничка слика остануваат дома и во домашно лекување“, кажа Драган Богоески, директор на Општа болница Прилеп.

 

Градоначалникот уште еднаш повика да не се шират шпекулации и паника во градот. Ги охрабри сите кои биле во контакт со заболените да се пријават.

 

„Оние кои што несакајќи биле во контакт, ги охрабрувам сите, ама баш сите да се пријават, да се охрабрат, затоа што само така и тоа е единствениот начин за да дојдеме до побрзо сознание за кои се луѓе и сограѓани се инфицирани од оваа болест, во оваа пандемија што го зафати целиот свет и само така можеме, час поскоро, со откривањето на новите случаеви поврзо да завршиме со оваа пандемија“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп

 

Покрај досегашните мерки за заштита ќе се правеле и специјални корита на влезовите од градот за дезинфекција на возилата. Ќе се продолжи со дезинфекција на сите влезови во зградите и улиците. А денеска на сите матични лекари и стоматолози им биле поделени маски и штитници за лице. А вакви штитници ќе им бидат поделени и на фармацевтите во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи