Две лица едно од машки, а друго од женски пол, на возраст од 73 и 74 години се новите случаи на корона во Прилеп. И двајцата биле во контакт со првите два потврдени случаи на Covid 19.
„И двајцата се сместени на инфективното одделение во Општата болница Борка Талески во Прилеп. Во моментов се прават епидемиолошки анкети и се ставаат под здравствен надзор сите нивни контакти. Исто така и ќе бидат земени брисеви од сите нивни блиски контакти“, истакна Драгица Нииколоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.