Два нови смртни случаи од корона вирус во Македонија, едниот 31 година, другиот 91

Два нови смртни случаи како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

 

„На Инфективната клиника во Скопје починаа 2 лица. Еден пациент на 91 годишна возраст кој беше хоспитализиран 8 дена и утрово почина пациент на 31 година, чија клиничка слика беше тешка со пофулминантен тек на влошување на состојбата, интубиран, поставен на респираторна машина, попладнето во текот на вчерашниот ден, но во текот на претпладнето денеска почина“, рече Филипче, додавајќи дека 31-годишниот пациент бил на респиратори.

 

Во изминатите 24 часа регистирани се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во овој момент е 257.

 

„На инфективната клиника примени се тројца пациенти од Скопје и Куманово. Во моментот хоспитализирани се вкупно 49 пациенти, 7 се со потешка клиничка слика, пневмонија, воспаление на белите дробови. Во овој момент нема пациенти кои што се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е состојбата на сите други пациенти ширум државата“, рече Филипче.

 

Филипче рече дека двајца од пациентите во Скопје и на второто тестирање излегле негативни, а уште пет други по вторпат ќе бидат тестирани утре.

 

„Во период од два до три дена потенцијално ќе може седум пациенти да бидат пуштени на домашно лекување, но по стигнување на тестовите и повторната евалуација на нивната клиничка состојба, без разлика што два теста може да се негативни, ќе биде одлучено како ќе биде продолжено лекувањето“, рече Филипче.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи