На 28.03.2020 во 16.20 часот на ул.„К. Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.Џ.(35) и Е.Џ.(34), и двајцата од Прилеп, кои биле затекнати по извршување на кривично дело „кражба“ и кај нив биле пронајдени метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од стореното од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.