Во однос на вчера починатата пациентна со корона вирус која не била хоспитализирана според информациите, на инфективното одделение во охридската болница, утре директорката ќе биде разрешена и ќе биде поставен нов директор. Ова го истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
„Денеска на увид се инспектори од санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на улогата и одговорноста на сите други вклучени во целиот овој процес и согласно информациите ќе се одлучува и понатаму, согласно одговорноста на луѓето вклучени во целиот овој случај. Во меѓувреме е покрената постапка“, кажа Филипче.