Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2020) на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.
Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.
Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом.
По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.