ВИДЕО – Македонци заглавени во Келн, обвинуваат за хаос околу транспортот со хуманитарните летови од Германија

 

Македонците од германскиот град Келн обвинуваат за тотален хаос и неорганизираност при синоќешното транспортирање на македонските граѓани со т.н. хуманитарен лет. На аеродромот во Келн-Бон по список биле повикани 200 луѓе, а авионот имал само 180 седишта. Плус на аеродромот пристигнале и Македонци кои биле вклучени за овие хуманитарни летови во официјалната вибер група која била направена од страна на претставник на Владата, таа вибер група броела дури 350 членови. Сега на аеродромот биле заглавени над 40 луѓе кои не знаат каде да одат.

 

 

„Синоќешното патување излезе во таков неред што останаа преку 40 луѓе на милост и немилост кои се оставени таму да спијат буквално на аеродромот, бидејќи ниту еден хотел во Германија не прима гости, забрането е да примаат гости со корона вирусот. Има тука и постари луѓе, има за жал и деца и тие се оставени да спијат на терминалот“, рече Миле Николоски, претседател на македонската заедница во Германија.

 

Што велат од МНР, кога ќе се реши оваа ситуација ?

 

„Да чекаат понатамошни инструкции се додека не ги известат за понатамошен друг лет, евентуално ако има втор лет“, додаде Николоски.

 

Македонците се благодарни на претставниците на нашето Конзуларно претставништво во Бон, но велат дека одност на Владата бил несериозен. Дел од Македонците патувале и над 400 само за да се качат на овој лет.

 

„Неможат да влезат, а биле исконтактирани од МНР каде им било кажано да дојдат во 15 часот на аеродром, бидејќии ќе летаат за Скопје. Некој не беа ниту на официјалниот список, а биле на тој список, на таа вибер група, па така дојде со неспоразум“, рече Николоски.

 

Синоќа 50 минути по полноќ авионот со 180 наши државјани слета на скопскиот аеродром и според протоколите граѓаните се сместени во хотел Дрим во Струга во карантин. И тие го потврдуваат хаосот кој вчера владеел на аеродромот во Келн.

 

„Миле Николоски, ако не беше ова детево од Прилеп заедно со таа Славица од амбасадата ќе се направеше голем хаос. Тие сите не ставија во некаков ред инаку можеше да дојде до голем конфликт, кавги, расправии, тепачка, сите наваливме на шалтерите наеднаш, а никој ништо не информира“, истакна Боше Ѓорѓиоски, Македонец кој се врати од Германија.

 

Македонците од Германија бараат итна реакција на Владата за побрзо решавање на оваа ситуација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи