Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Ова на својот ФБ профил го напиша поранешниот заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу.
„Потврдено е дека имаме позитивни 5 вработени во полицијата, додека во Полициската станица „Петровец“ постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба!“, вели Нухиу.