Како изгледа моментално бројот на заболени по градови погледнете тука на првата интерактивна мапа.
Според последните податоци кои министерот за здравство Венко Филипче ги објави вечра, вкупната бројка на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 259 лица.
На Инфективната клиника во Скопје хоспитализирани се вкупно 49 пациенти од кои седум се со потешка клиничка слика – пневмонија, воспаление на белите дробови, но нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е и состојбата на сите други пациенти ширум државата.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 145, Дебар – 46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга- 5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1 и Струмица – 1.