242 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 95 лица, опоменати се 37

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (29/30.03.) на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

 

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, опоменати се 37 лица, а за останатите се изготвени записници.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи