Кривична за прилепчанец поради даночно затајување

 

Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против О.П.(41) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

 

На 16.01.2017 во Централниот регистар на Р.С.Македонија, пријавениот основал и регистрирал фирма за градежништво, проектирање и услуги од Прилеп, со дејност „Изградба на станбени и нестанбени згради“. Со намера да ја избегне обврската за плаќање на даночни обврски кон Управата за јавни приходи на Р.С.Македонија (данок на додадена вредност-ДДВ и персонален данок на доход-ПДД), во периодот од 01.01.2018 до 31.01.2018 остварил приход од промет на услуги во висина од 4.666.450 денари, кој не го евидентирал во сметководствените евиденции на фирмата, ниту во даночните пријави за 2018. На ваков начин пријавениот ја одбегнал законската обврска да го евидентира, пријави и плати ДДВ во износ од 839.961 денари и ПДД  во износ од 382.648 денари, со што го оштетил буџетот на УЈП на РСМ во вкупен износ од 1.222.609 денари.

 

Во  текот на 2018 пријавениот склучил два договори за градба и уште шест усни договори за градежни работи, за кои средствата од паричниот надомест за извршената услуга кај еден договор се уплатени на трансакциска сметка на пријавениот, а не на трансакциската сметка на правното лице. За останатите извршени услуги за градежни работи, на основа на усен договор, наплатата ја вршел во готово, на рака, односно не ги евидентирал како приход уплатен на сметката на правниот субјект. Фирмата била регистрирана како тромесечен даночен обврзник и пријавениот преку овластен сметководител изготвувал и поднесувал до УЈП на РСМ  даночни пријави за ДДВ.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи