Еден лекар од Инфективно во Прилеп е позитивен на Ковид 19, а друг лекар е во самоизолација

Според последната информација, еден од лекарите во Инфективното одделение е позитивен на тестот за коронавирус, другиот лекар се наоѓа во самоизолација.

 

„Од понеделник, 6-ти април, Инфективното одделение ќе функционира согласно Оперативниот план за работа во услови на епидемија, односно пандемија и тогаш ќе биде утврдено дали постои потреба од дополнителен ангажман на медицински персонал од други одделенија во болницата. Инаку досега од коронавирусот се инфицирани три лица од здравствените институции во Прилеп, вклучувајќи го и лекарот од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар“, велат од Општина Прилеп.

 

Во моментов на Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат три лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.

 

Инаку во самоизолација во Прилеп се наоѓаат 134 лица, а во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка. Исто така нема ниту нарушувања на полицискиот час.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи