КСС: Во знак на солидарност државата да се откаже од наплатата на режиските трошоци за работниците кои добија откази

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС упати барање до Владата во име на солидарноста да се откаже од режиските трошоци за струја и вода за граѓаните кои останаа без работа поради состојбата со коронавирусот.

 

„Како најголем производител на струја и како сопственик на ресурсите со вода, бараме Владата да донесе уредба со што сите режиски трошоци на работниците кои добиле отказ да не се наплаќаат. Надоместок од 7.000 денари не е доволен за ниту едно семејство од Македонија да може да преживее, а од друга страна трошоците за режиски трошоци ќе им се соберат, така ќе настане проблем како тие ќе ги регулираат и понатаму, знаејќи дека голем дел од нив може да останат без работа и подолг временски период“, стои во соопштението.

 

Со цел да се избегнат гужвите пред објектите на Агенцијата за вработување, КСС предлагаат институциите да излезат со план и да ги контактираат работниците кои останале без работа.

 

„Сите работници кои добија откази, од било која причина во текот на кризата поради опасноста од собирање и правење метеж пред Агенцијата за вработување, бараме од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување да излезат во јавноста со план и да ги контактираат сите работници со цел да не се групираат и изложат на опасност од зараза. Владата да изнајде решение тие без доаѓање во Агенцијата за вработување да ги остварат своите права на надомест поради губење на работното место предизвикано од пандемијата со вирусот Ковид 19“, се вели во соопштението од КСС.

 

Од КСС повикуваат на солидарност и сметаат дека сега е време Владата да го покаже на дело значењето на тој збор.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи