ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го честита Меѓународниот ден на Ромите

 

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го честиташе Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

 

„Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, e ден кога се слават историјата, културните вредности и посебноста на ромската популација. Од мое име и од име на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, им го честитам на сите наши сограѓани од ромската заедница Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

 

Вие Ромите сте наши сограѓани со кои со векови заеднички го градиме соживотот, толеранцијата и меѓусебното почитување на различностите во Прилеп. Вие сте неизоставен дел од нашето општество, ризница од посебна култура и традиции кои треба сите да ги почитуваат и вреднуваат.

 

Унапредувањето на политичката, културната и социо-економската позиција на Ромите во општество, треба да биде еден од приоритетите на сите фактори во државата, затоа што ромското население тоа го заслужува и затоа што ова население отсекогаш било лојално кон Република Македонија.

 

Во овие моменти кога сите се справуваме со пандемијата предизвикана од коронавирусот, ви посакувам добро здравје на сите вас. Чувајте се!“, се вели во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи