Реисот на ИВЗ: Ако Владата не ни помогне, ќе ги вратиме верниците во џамиите и ќе станеме Бангладеш

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Реисот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи се закани дека доколку не добијат помош од Владата, ИВЗ ќе ја повлече забраната за собири и ќе ги врати верниците во џамиите.

 

„Јас го побарав нашиот дел, Владата да биде внимателна што прави, имаме повратен одговор во кој се вели дека барањето е прифатено и дека е испратено на разгледување во секторот за финансии на Министерство за економија. Денеска побарав од генералниот секретарот Мирсад Јакупи да контактира со Бујар Османи, кој е член на кризниот штаб и вицепремиер, дали има нешто? Тој вели дека досега нема ништо. Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“, изјави Реџепи.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи