Канал 5: Уредникот Михајлоски викендот на 28 и 29 март ги посетил родителите во Прилеп, првиот тест му бил негативен

Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на корона вирусот, која зема замав и за жал, исклучок не беше и еден наш колега, главниот и одговорен уредник Гоце Михајлоски, соопшти Канал 5 телевизија, каде што работи новинарот Михајловски, кој е тестиран позитивен на ковид-19.

 

„Како професионална и одговорна компанија, која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите сме изненадени од ваквиот развој на настаните, поради фактот што првиот тест кој го изврши колегата Михајлоски беше негативен. Сакаме да ја информираме јавноста за следново:

 

Викендот на 28 и 29 март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на свиоте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30 март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.

 

Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисла на задолжително мерење на телесна температура при влез во  компанијата, обезбедивме дезинфекциски пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири за дополнитена заштита.

 

Во четвртокот и во петокот, во емисијата ‘Само интервју’, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи.

 

Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во неделата на 5 април, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17 часот го напуштил работното место.

 

Од понеделник, 6 април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација а во меѓувреме тој забележал температура повисока од 38 степени, и барал од својот матичен лекар да добие упат за тестирање, но поради електронската анкета, немал доволни симптоми за да биде упатен на тестирање.

 

На 7 април, во утринските часови, поради зголемена температура направил тест преку крв во една приватна болница, кој покажал дека е негативен на корона вирусот.

 

Во четврток, 09.04.2020 колегата Михајловски заминал во Воена болница, каде е примен, а утринава нѐ информираше дека сепак е позитивен на ковид-19.

 

Во насока на следење на препораките за заштита при работа од корона вирусот, последниве неколку недели Канал 5 донесе одлука сите вработени кои можат да го изведуваат работниот процес од дома, тоа и да го прават.

 

Нашата компанија во соработка со Министерството за здравство ќе ги преземе сите чекори за брзо надминување на оваа несреќна здравствена состојба и благовремено ќе ја известува јавноста за сите новонастани моменти.

 

На нашиот колега Гоце Михајлоски му посакуваме да се опорави што е можно побрзо. Ниту тој сакал да биде заразен со ковид-19, а уште помалку тој да биде трансмитерот и евентуално да зарази трети лица“, се наведува во соопштението од Канал 5 телевизија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи