„Ситуацијата во Прилеп е веќе излезена од контрола. Во неполни 2 недели, веќе трет пат апелирам до челниците на СДСМ: тргнете ги суетите! Вашата ароганција и несовесност носи само штета и на граѓаните од Прилеп и на граѓаните од цела Македонија!“, пиишува на својот ФБ профеил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Ане Лашкоска.
Ова е нејзиниот Фејсбук статус :
„Во Прилеп не ни требаат парадери, за кои веќе неколку години гледаме оти освен популизам, (на истите тие што деновиве ни парадираат низ Прилеп), друго ништо не им е битно.
Не е срамота да не знаеш, ама срамота е и гревота е заради суета да не прифаќаш подадена рака и понудена помош!
Страдаат граѓаните!
Престанете со тие ваши масовни собири кои секојдневно ги организирате низ Прилеп, делејќи пакети. Го загрозувате здравјето и животот на луѓето кои на сликите кои сами ги постирате гледаме оти на себе немаат никаква заштита. Пакети може да подели и еден човек!
Ги загрозувате здравјето и животот на нашите сограѓани!
– ИТНО во Прилеп се потребни поголем број на тестови за COV 19!
ИТНО!
– Итно е потребна заштитна опрема за здравствените работници!“
Ситуацијата во Прилеп е веќе излезена од контрола. Во неполни 2 недели, веќе трет пат апелирам до челниците на СДСМ:…
Gepostet von Ane Laskoska am Dienstag, 14. April 2020