ВИДЕО – Јованоски : Доколку утре има дозвола да се посетуваат црквите имаме план како тоа да го направиме – Општина Прилеп обезбеди 60.000 заштитни маски за граѓаните

 

После вклучувањето на припадниците на Армијата во асистенција на полицијата за одржување на редот и почитување на мерките за заштита од коронавирусот, констатиравме дека ситуацијата е подобрена. Во најголем дел решен е проблемот на гужвите пред банките, големите маркети, градскиот пазар, меѓутоа сеуште за жал се прават гужви пред малите малски продавници во одредени населби во градот. Истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

„Уште еднаш апелирам до сопствениците на дуќаните и до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за одржување на физичко растојание од минимум два метра и на себе да носат заштитна маска. Денес ќе се чистат сите улици на градот, ќе се чистат само со вода. Во текот на утрешниот ден и во сабота ќе се дезинфицираат сите улици, јавните површини и паркови, влезови на згради и сите оние делови на градот каде што мислиме дека има потреба“, рече Јованоски.

 

Градоначалникот потенцираше дека Општина Прилеп обезбедила 60.000 заштитни маски од кои најголем дел ќе биделе поделени во текот на утрешниот ден, пред големиот празник Велигден. Тој  упати апел граѓаните во текот на утрешниот ден на верскиот празник Велики Петок да не ги посетуваат црквите и за Велигден да останат дома. Сепак потенцираше дека ако на централно ниво на некој начин се дозволи или одлучии верниците утре да присуствуваат за празникот во храмовите имале направено план како да се спречат гужви во храмовите и да се воведе ред.

 

„Почитувани граѓани, седете дома, а доколку имате потреба од било кои причини да излезете надвор од вашиот дом, носете заштитна маска и одржувајте физичко растојание. Ако има дозвола за да можат нашите граѓани да ги посетуваат црквите, а ние знаеме каква е нашата традиција во нашиот град, значи имаме направено план, јас разговарав со сите намесници на сите цркви и свештеници од нашиот град, спремни сме, имаме план како тоа да го реализираме, да нема физички близок контакт и секое лице да добие заштитна маска пред да влезе во црквата“, рече Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи