„Секој човечки живот е битен. а здравјето и заштита на здравствените работници кои се изложени на опасност од Koвид 19 институционален приоритет“, велат од семејството Момироски од Прилеп.
Со помош на графичкиот инжинер Зоран Дамчески и конфекцијата „Мартекс“, Невенче Момироска направи велигденски подарок од нејзиното семејство од визири, медицински маски и медицински ракавици за сите колешки од гинеколошко акушерското одделение во Општата болница – Прилеп.
Медицинскиот персонал упати голема благодарност до семејството Момироски.