Мартин Пресилски од Прилеп, кој веќе 10 години се занимава со монтажа и кој има учествувано на повеќе филмски фестивали за монтажа, а од неодамна и со свој краткометражен филм во Англија како автор освои 4 место на светско ниво, денеска објави прекрасно видео The Land – Time Never Dies, Времето никогаш не умира, колаж од Македонија Вечна, од повеќе места во државава.
„Идејата кога го создавав видеото беше да се пренеси порака за целата ситуација во која сме моментално на глобално ниво, крстопат на она што било некогаш и сега, сите вредности на времето. Иинспирацијата ја добив од сите моментални актуелности и решив да го склопам ова видео парче за да влеам оптимизам како што и пораките гласат на крајот од видеото. Снимките се одобрени и користени од Македонија Вечна на повеќе локации“, вели Пресилски.
Мартин Пресилски