Македонија да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, да заборави на „македонски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РМ“, ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ, изјавија од Бугарија, во врска за Советот на ЕУ за проширување.
Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство“.
Бугарија со оваа изјава мисли на спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и укажува на „неговата важност во отворањето на патот кон европска и евроатлантска интеграција на втората страна“. Во изјавата во воведните напомени се потсетува дека спроведувањето на Договорот во голема мера е блокирано од ноември 2019 година, поради „едностраната одлука на Македонија да го суспендира на неодредено време учеството во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања.
Кон крајот на март оваа година лидерите на Европската Унија ја потврдија одлуката за отварање на пристапните преговори за влез на Македонија во европското семејство.