По владината одлука за зголемување на акцизата на нафтените деривати за три денари, Регулаторната комисија за енергетика ја определи цената по која граѓаните од утре ќе можат да набавуваат нафтени деривати од бензинските станици во земјава. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за три и пол денари за литар, додека дизелот ќе поскапи за еден и пол денар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 на бензинските станици од утре ќе се продава по цена од 52 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе може да се набави за 54 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 46,50 денари за литар.
105