Заврши изградбата на сообраќајна клучка со надвозник на државниот пат Битола-Прилеп која се наоѓа во непосредна близина на технолошко-индустриската развојна зона-Прилеп. Со завршување на градежните работи пуштен е во сообраќај магистралниот пат А-3, Битола-Прилеп во двете насоки, кој како што е познато изминатиов период беше затворен и пренасочуван по стариот пат, релација во атарот на селата Алинци и Лагово, што се наоѓа меѓу двете пелагониски општини.
Со изградбата на патен јазол на две нивоа, зголемена е безбедноста во сообраќајот, непречено вклучување и исклучување технолошко-индустриската зона, како и непречен сообраќај на магистралниот пат А-3 во непосредна близина на селото Алинци.