Во Инфективното оддление се хоспитализирани 24 пациенти. 19 од нив се позитивни на коронавирус, од кои 3 се на кислородна поддршка.
5 пациенти се наоѓаат во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.
До сега, вкупно во Центарот за јавно здравје земени се 460 материјали, од кои 117 биле позитивни.
Имаме 7 целосно излекувани пациенти, со потврдени 2 последователно негативни брисови на КОВИД-19. Шест пациенти се со еден потврден негативен брис, а за вториот се чека резултат.
Во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица.
122