Денеска 7 нови случаи на заболени од Ковид 19 во Прилеп и по еден во општините Долнени и Кривогаштани

Денеска во општина Прилеп се регистрирани 7 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, во селата Заполжани и Боротино.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 334 лица.

Во текот на изминатото деноноќие, 3 лица не го почитувале полицискиот час, заради што ќе им биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи