Денес се одбележува Денот на планетата Земја. Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.
Во услови на пандемија, кога се ограничи човековото движење и активност, се забележаа и првите промени во природата, како намалено аерозагадување, а некои животини се вратија во градовите, односно максимално се увиде на штетното влијание кое човековиод род го прави врз планетата Земја.
Дел од државите кои беа најмногу погодени од корона вирусот со воведувањето на рестриктивните мерки за движење први ги забележаа и промените во животната средина. Тие веќе размислуваат во насока како може да ги подобрат условите за живот без да и наштетат на околината откако ќе се намалат мерките за спречување на вирусот.
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето со цел да се забават климатските промени предизвикани од човекот.