Од Општина Прилеп соопштија дека денеска ќе бидат поделении 15.000 бесплатни заштитни маски.
„Од нив, 10.000 маски им беа дистрибуирани на претседателите на Урбаните заедници, 3.000 маски на Здружението на пензионери, 500 на Здружението на инвалидски пензионери, а останатите им беа поделени на граѓаните кои беа затекнати пред банките, маркетите, Градскиот пазар и Старата чаршија“, велат од Општина Прилеп.