Владата на денешната седница донесе одлука за ограничувањата на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
Па така полицискиот час на први, втори и трети мај (односно петок, сабота и недела) ќе почнува од 14 часот, односно, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 до 14 часот. Ваквата информација прв ја сподели техничкиот премиер Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.
„На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела ќе им биде дозволено движење на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден“, напиша премиерот.
За лицата над 67 годишна возраст, во овие три дена, ќе им биде дозволено движење од 5 до 11 часот, додека децата и младите лица до 18 години, ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.
Инаку на сила остануваат сите претходно донесени мерки од страна на Владата.