ВИДЕО – 85 годишната прилепчанка Макалоска го победи Ковид 19 после 21 ден хоспитализација, лекарите горди што и го спасиле животот

85 годишната прилепчанка Елена Макалоска е најстариот пациент во државава кој е излекуван од корона вирус. После 21 ден хоспитализација во прилепското инфективно одделение таа утринава е пуштена дома. Според д-р Мирјана Крстеска, Макалоска била донесена во исклучително лоша состојба со многу потешкотии при дишењето, тешка пнеумонија и слаба крв. Заедно со неа била хоспитализирана и нејзината ќерка која и таа била заразена со Ковид 19. Таа успеала побрзо да оздрави, но сепак останала во инфективното одделение за да и помага на својата мајка.

 

 

„Процесот на нејзиното лекување течеше бавно за разлика од лекувањето на некои помлади пациенти. Неколку дена имавме една терапија која не ни одеше како што треба, побавно, немаше некое подобрување на рентгенскиот наод на белите дробови и мораше да смениме друга антиибиотска терапија со поширок спектар и да дадеме и антикоагулантна терапиија која исто така многу помогна. Поради слабата крв во два наврати дадовме деплазмирани еритроцити, се разбира во течефонска консултација со интернистите. Таа се чувствува сега добро веќе една недела нема температура, добивме два негатиивнии бриса за Ковид 19, крвните анализи се подобри, така што за дома дадовме само краткотрајна антибиотка терапија, витаминска терапија“, истакна д-р Мирјана Крстеска, инфективно одделение Прилеп.

 

Лекарите од инфективното одделение во Прилеп велат дека се горди и радосни што успеале да и го спасат животот на оваа 85 годишна жена. Секој спасен живот им претставувал мотив плус да продолжат беспоштедно да се борат за здравјето на пациентите.

 

„Самата бабиичка рече дека доколку останам жива сакам да ме кажите да Фејсбук. Така да тоа ни беше мотив ова да го објавиме. Можеби не е соодветен зборот горди, но се чувствуваме среќни што успеавме да ја излечиме бабата од тешката ситуација. Во целата оваа работа што не мотивира е секој излечен пациент и тоа ни дава сила да продолжиме понатаму“, додаде д-р Крстеска.

 

Во моментов во инфективното одделение во Прилеп се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 16 се позитивни, а за останатите се чека резултат. Од тие 16 пак 2 се исто постари жени и тие на возраст од околу 80-тина години како Макалоска. Лекарите се надеваат дека и тие набрзо ќе бидат пуштени да си одат дома.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи