Се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија.ќ
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 денари/литар и ќе се продава за 57,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 денар/литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 59,50 ден/лит, а на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/литар.
Екстра лесното масло ќе се продава за 27,5 денари по литар, додека новата цена на мазутот е 23,427 денари по килограм.