ВИДЕО – Ѓорѓиоски: Време е за новата нормалност, да фунционираме со почитување на мерките за заштита од коронавирусот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Благодарение на соодветната и навремена реакција на македонското здравство, епидемијата на коронавирусот во нашата земја, е ставена и се држи под контрола. Истакна на денешната прес конференција Александар Ѓорѓиоски, Претседател на ЛК на СДММ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Сега е време за новата нормалност. Да научиме да живееме со коронавирусот, да не се опуштаме, затоа што единствен начин за да се задржи вирусот под контрола, е сите да ги почитуваме мерките за лична заштита и заштита на јавното здравје.

 

Нашето ново секојдневие, нашиот нов начин на секојдневно функционирање, подразбира носење заштита опрема на лицето, маска, шал, марама, соодветна дистанца и редовна дезинфекција на рацете.

 

Носењето на заштитната опрема, веќе е задолжителна пракса во сите државни институции, но и во маркетите, банките, поштите, јавниот превоз.

 

Во таква нова нормалност, ќе се одвиваат сите процеси во нашето општество, економијата ќе се враќа во нормала, ќе работиме и ќе ги вршиме сите обврски. Согласно мерките за заштита од вирусот, ќе функционираат градинките, училиштата, факултетите, угостителските објекти, фабриките.

 

Во такви околности ќе функционираат и државата и институциите, кои денеска се наоѓаат во крајно комплицирана состојба која налага организирање на избори во првиот можен рок.

 

Избори може да се организираат, кои ќе бидат безбедни за здравјето на граѓаните и здравјето на сите други учесници во тој процес, согласно здравствените протоколи.

 

Како што со заштитни мерки ги извршуваме нашите секојдневните обврски, пазариме во маркетите или посетуваме банка, така со заштитни мерки можеме да го искористиме демократското право да гласаме на избори и да обезбедиме функционално Собрание, Влада и институции.

 

Со институции, кои ќе имаат целосен легитимитет, полесно ќе се справиме со последиците од првиот бран на пандемијата и со очекуваниот нов бран на вирусот наесен, а побрзо ќе ја рестартираме и економијата“, истакна Ѓорѓиоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи