Од Општина Прилеп известуваат дека почнувајќи од понеделник 01.06.2020 година, продолжуваат со редовна работа даночното одделение и одделот за прием на странки (приемно одделение), во склоп на ЕЛС Општина Прилеп.
„Со посебен протокол за влез, граѓаните ќе можат да ги користат услугите на ЕЛС Општина Прилеп, секој работен ден од 08:30 – 15:30 часот. При влез во институцијата, граѓаните ќе треба задолжително да ги дезинфицираат рацете и да носат заштитна маска за лице. На граѓаните кои нема да го почитуваат протоколот за заштита од коронавирусот, нема да им биде дозволен влез во институцијата“, велат од Општина Прилеп.