Починати 4-ица од корона вирус и нови 52 заболени

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај.

 

Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19.

 

– Скопје 26
– Куманово 6
– Штип 7
– Тетово 9
– Струга 2
– Велес 1
– Кочани 1

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти.

 

– Скопје 16
– Тетово 10
– Велес 1
– Охрид 2
– Кратово 1

 

Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи