Сваќароска: Колку пари исплатил Водовод на фирмата задолжена за одржување на фонтаните во Прилеп кои не работат и се запустени?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Прилеп, Емил Јанески,  на 08.07.2019 година склучил договор со фирма за одржување на фонтаните во Прилеп во вредност од 939.139 денари, во траење од 1 година, истакна на денешната прес конференција Александра Сваќароска, кандидат за пратеник во четвртата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Со овој договор Јанески и ЈКП Водовод и канализација се обврзале дека ќе исплатат близу 15.000 евра пари на граѓаните за фонтаните во градот да бидат функцонални, чисти и уредни

 

Со оглед на тоа дека ниту една од фонтаните во Прилеп во моментов не е во функција, а истите изгледаат запустени и руинирани, прашуваме:

 

Дали и колку од оваа предвидена сума Водовод има исплатено?

 

Кога Јанески планира да ги стави во функција фонтаните кои се украс на Прилеп, а се изградени од претходната локална власт?

 

Дали можеби планираат и останатите фонтани да ги затрупаат со земја и да ги направат тревници, како оние на улицата “Димо Наредникот”?“, запраша Сваќароска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video