Директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Прилеп, Емил Јанески, на 08.07.2019 година склучил договор со фирма за одржување на фонтаните во Прилеп во вредност од 939.139 денари, во траење од 1 година, истакна на денешната прес конференција Александра Сваќароска, кандидат за пратеник во четвртата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со овој договор Јанески и ЈКП Водовод и канализација се обврзале дека ќе исплатат близу 15.000 евра пари на граѓаните за фонтаните во градот да бидат функцонални, чисти и уредни
Со оглед на тоа дека ниту една од фонтаните во Прилеп во моментов не е во функција, а истите изгледаат запустени и руинирани, прашуваме:
Дали и колку од оваа предвидена сума Водовод има исплатено?
Кога Јанески планира да ги стави во функција фонтаните кои се украс на Прилеп, а се изградени од претходната локална власт?
Дали можеби планираат и останатите фонтани да ги затрупаат со земја и да ги направат тревници, како оние на улицата “Димо Наредникот”?“, запраша Сваќароска.