Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1.245 тестa. Ова се информации кои ги објави АлсатМ.
Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19. Еден од Скопје и еден од Куманово.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.789, а на починати 149.
Распореден по градови бројот на новозаболени е следен:
Скопје – 105
Куманово – 26
Штип – 15
Тетово – 13
Гостивар – 8
Гевгелија – 2
Дебар – 1
Струга – 1
Велес -1
Битола – 1
Охрид – 1
Валандово – 1
Св. Николе – 1
Неготино – 1
Сепак повеќе информации за точната бројка и извршените тестирања ќе бидат објавни во текот на денот.