Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите малопродажни цени за горивата кои стапуваат на сила од вечерва на полноќ.
„Според новите одлуки, цените на горивата Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се зголемат за еден денар во однос на претходната недела, што значи поскапување во просек од 1,96 проценти“, велат од РКЕ.
Со тоа, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи по 60,50 денари по литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, додека пак Еуродизел ќе се продава за 52 денари по литар.
118