Неверојатен тајмлапс од движењето на Сонцето во текот на 10 години

 

 

По повод десеттиот роденден на Опсерваторијата за соларна динамика, НАСА објави неверојатна снимка од Сонцето на која се гледа животот на нашата ѕвезда во текот на десет години спакуван во еденочасовно забрзано видео.

 

Видеото е направено со 425 милиони фотографии со висока резолуција кои потоа се споени во тајмлапс видео и трае точно 61 минута. Фотографиите покажуваат бројни активности на површината на Сонцето, како соларни ерупции или планетарни транзиции, како што е поминувањето на планетата Венера, кое се случи на 5 јуни 2012 година. Во видеото се прикажани движењата на Сонцето од јуни, 2010 година до јуни, 2020 година. Секоја секунда во видеото претставува еден ден.

 

Опсерваторијата за соларна динамика е лансирана во февруари 2010 година и до сега има собрано околу 20 милиони гигабајти податоци. Тоа е вселенски брод што орбитира околу Земјата и постојано го набљудува Сонцето со три инструменти.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи