Со секој изминат ден сме се поблиску до големата победа на 15-ти јули и започнување на целосна обнова на Република Македонија. Еден од примарните столбови на кои се потпира изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е обезбедувањето на ефикасни јавни финансии, изјави на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, кандидат за пратеник од Прилеп.
„Македонија ќе биде држава каде може да се води бизнис и во која секој граѓанин ќе може да успее. Се обврзуваме на враќање на рамниот данок со стапка од 8 % за Данокот на личен доход и Данокот на добивка до 2022 година.
Македонија во изминатите 3 години се соочува со огромно иселување на младите. Прилеп е град кој младите масовно го напуштаа во потрага по подобар живот, а причина за тоа е негрижата и неработењето на сегашната власт на СДСМ за обезбедување нови работни места.
Една од мерките со кои ќе ги задржиме младите тука во Македонија е ослободување од данок на личен доход на младите до 29 години за првото вработување.
Во програмата се обврзуваме и на воведување правила за трошење на народните пари, како и правила за задолжување. Буџетскиот дефицит ќе се ограничи на ниво до 3% од БДП, а јавниот долг на државата нема да смее да надмине 60% од БДП.
Ќе формираме Централно тело за јавни набавки по примерот на Хрватска, Италија, Франција, Данска, Финска и Шведска. На ваков начин ќе се овозможи заштеда на големи финанскиски средства на ниво на држава и квалитетно спроведување на јавните набавки,“ изјави Стерјовска Локвенец.