Конститутивна седница на Собранието најдоцна за 20 дена, нова Влада во втората половина на август

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Откако податоците од последните избори ќе бидат комплетирани, Државната изборна комисија е обврзана до Собранието да испрати конечен извештај, по што за најмногу 20 дена Парламентот да закаже конститутивна седница.

 

Неа ја свикува, претседателот на претходниот состав, во случајот, Талат Џафери. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието и почнува да тече од конститутивната седница на Собранието.

 

Талат Џафери денеска рече дека до крајот на уставниот рок, кој е на 4 август, ќе ја свика конститутивната седница за новиот парламентарен состав.

 

„Секако дека во уставно предвидениот рок ќе ја свикам конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Но, денеска прво ќе одам да се тестирам, оти по целата кампања и контакти со многу лица прво треба да проверам дали сум негативен на коронавирусот. Ова ќе го препорачам да го сторат и сите кандидати за пратеници кои освоија мандат. После толку внимавање и преземени мерки за изборите да се одржат во најдобар ред, добро би било пратениците здрави да влезат во Собранието. По ова ќе оставам десетина дена за консулатција со партиите кои освоија пратенички мандати за да се договориме за конститутивната седница. Ќе видиме како ни одговара на сите, бидејќи кон крајот на јули е Курбан Бајрам, а потоа е 2 Август, дали идните пратеници ќе сакаат да ја закажеме конститутивната седница пред или по празниците“, изјави Џафери.

 

Мандатот на пратениците го верифицира Собранието и почнува да тече од конститутивната седница.

 

Во Уставот е предвидено претседателот на Република Македонија во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

 

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи