Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 16-ти јули:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден случај на заболен од Ковид-19, а седум лица оздравеле од заразната болест. Како последица на коронавирусот, едно лице почина;
- Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 56. Од нив, 39 лица се наоѓаат на домашно, а 17 на болничко лекување.