Сугарески: Преку 3 милиони евра за локални патишта и улици во Прилепскиот регион

 

 

Инвестициите во Прилеп и Прилепскиот регион не застануваат без разлика на состојбите што беа и оние што следуваат. Само во моментов, во овој крај инвестираме преку 80 милиони евра за изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

„Преку Министерството, во овој Прилепски регион за локалните патишта се вложени околу три милиона евра. Од тие пари 1,2 милиона евра се за општина Прилеп за изградба на локални патишта“, рече Сугарески.

 

Тој додаде дека во меѓувреме активно се работи на преку 30 проекти во комуналната инфраструктура. Што се однесува до гасификацијата, кракот до Битола е 90 проценти завршен.

 

На крај, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека во тек се подготовки за изградба на нова социјална зграда во Прилеп, со што ќе се овозможи пристоен дом за голем број на социјално ранливи семејства.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.