Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има два нови случаи на коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 53, од кои 40 се наоѓаат на домашно, а 13 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 72 лица.