Прилепската болница ќе добие донација од Германија

Со цел поддршка на Република Македонија при справување со пандемијата од ковид-19 и директна помош на граѓаните, амбасадорката на Германија во Македонија, Анке Холштајн потпиша договори за донација за ЈЗУ Клиничка болница-Штип, ЈЗУ Општа болница-Куманово, Здравствен дом-Гостивар и ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“-Прилеп, со вкупна вредност од 152 000 евра.

 

„Македонските здравствени установи ќе ги искористат овие средства за набавка на медицинска опрема и амбулантни возила. Амбасадата им се заблагодарува на НВО Фондација за локален економски развој од Штип, НВО Центар за рурален развој „Бујрум“ од Куманово, НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, НВО Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп за соработката при имплементација на овие проекти. Финансиската поддршка од малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин“, велат од амбасадата на Германија во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи