Дирекцијата за заштита и спасување според годишниот план и стандардно оперативните процедури во деновите 9,14 и 28 Јули на Воениот полигон Криволак изврши уништување на неексплодирани убојни средства.
Уништувањето беше извршено од страна на пиротехничарите при што беа уништени 1.150 парчиња НУС разни калибри на артилериски зрна ,рачни бомби, авио бомби и мини.
Истите се пронајдени во период од две години на територијата на Р. С. Македонија.