Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 29 јули:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест.
- Бројот на активни случаи изнесува 54, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 77 лица.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 327.